Во Женева почнаа преговорите меѓу шефовите на дипломатиите на Германија, Франција и Британија, Јохан Вадефул, Жан Ноел Баро, Дејвид Лами со иранскиот колега, Абас Арагчи, кој порача дека нема простор за доајалог со САД, се додека Израел напаѓа. Ова се први преговори со Иран на западни земји од почетокот на конфликтот.
Иако не се очекува пресврт, несомнено е најзначајниот европски ангажман досега во оваа криза. Клучна тема според најавите е американскиот предлог за нов нуклеарен договор за ограничување на збогатувањето ураниум на Иран.
-Отворени сме за преговори, но тоа подразбира Иран да покаже сериозна посветеност да се откаже од збогатување нуклеарни материјали за вооружување и да ја вклучи својата ракетна програма во преговорите. , изјави Јохан Вадефул, министер за надворешни работи на Германија.
Спремни сме за дијалог со Европејците за различни прашања. Ќе чуеме што ќе ни кажат. Не се срамиме да разговараме и да ги браниме правата на иранскиот народ.
Американскиот претседатал Трамп и натаму калкулира со тоа каква ќе биде улогата на САД во кофликтот. Одлуката ќе ја донел за две недели, додека западните медиуми јавуваат дека Вашингтон почнал да трупа војска во воените бази на Блискиот Исток, вклучително и 20тина стратешки трнаспортни авиони и системи за против воздушна одрбана.
Имам директна порака од претседателот. Цитирам: Врз основа на фактот дека постои значителна веројатност за преговори што може, а можеби и нема да се случат со Иран во блиска иднина, ќе донесам одлука дали ќе одам или не (во воена интервенција) во следните две недели. , изјави Керолин Левит, портпаролка на Белата куќа.
И Израел и Иран со внимание ги следат наредните чекори на Трамп. Израелскиот премиер вели нашата одлучност да се спречи Техеран да прозиведе нуклеарно оружје не зависи од ангажманот на САД.
-Јас само знам дека немаме избор. Ме прашуваат „што ако не добиете зелено светло од Американците?“ Знаете што им одговорив? Нам не ни треба зелено светло. Ние ќе го напревиме тоа. , изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.
-Ако заклучиме дека САД се директно вклучени во нападите против Иран, ние ќе почнеме да возвраќаме кон САД. Тврдењата на Доналд Трамп се целосно неоправдани. , изјави Али Бахрени, амбасадор на Иран во ОН.
Според организацијата „Активисти за човекови права“ во досегашниот конфликт досега загинале над 600 Иранци и 25 мина Израелци, но со причинета огромна материјална штета..