Вашингтон пост: Русија на преговорите ќе ја претставуваат Лавров и Ушаков

14.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вашингтон пост: Русија на преговорите ќе ја претставуваат Лавров и Ушаков

Висок поранешен функционер на Кремљ, кој сакаше да остане анонимен поради чувствителноста на темата, рече дека Русија на претстојните разговори во Истанбул ќе ја претставуваат министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и претседателскиот советник за надворешна политика Јуриј Ушаков, објави Вашингтон пост.

Ова ќе бидат први директни преговори меѓу Русија и Украина од 2022 година, а беа иницирани од  Путин како одговор на зголемените западни барања Русија да се согласи на 30-дневен прекин на огнот како чекор кон потрајниот мир.

Од американска страна се очекува да присуствуваат државниот секретар Маркo Рубио и специјалните пратеници Стив Виткоф и Кит Келог, што е прв знак за одреден напредок по неколку недели во кои се чинеше дека преговорите се во застој, посочува весникот.

Понудата на Путин за разговори беше веднаш поддржана од  Трамп, но европските претставници и аналитичари изразуваат сомнеж, верувајќи дека тоа би можело да биде „типичен маневар на Кремљ за да се купи време и да се спречи решавање на конфликтот“.

„Ќе направиме сè за овој состанок да биде успешен. Ако Путин навистина е подготвен да се сретне не само во медиумите, туку и во реалниот живот, тогаш ќе направиме сè за да се договориме за прекин на огнот“, рече Зеленски, нагласувајќи ја важноста од директни преговори со Путин, кој на крајот има моќ да одлучи за прекин на огнот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата