Вашингтон пост: Претставници на Белата куќа размислуваат за намалување на буџетот на агенции

13.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вашингтон пост: Претставници на Белата куќа размислуваат за намалување на буџетот на агенции

 Претставници на Белата куќа размислуваат за намалување на буџетот на федералните агенции во просек меѓу 30 и 40 отсто, фокусирајќи се на значително намалување на персоналот, објави Вашингтон пост, повикувајќи се на неименувани извори.

Весникот додава дека тимот на милијардерот Илон Маск, кој сега е на чело на Одделот за владина ефикасност (DOGE), иницирал големи отпуштања на федерални вработени.

Американскиот претседател Доналд Трамп и Илон Маск започнаа програма за „одложена оставка“, која има за цел да ги охрабри федералните работници сами да ги напуштат своите работни места со финансиски надомест.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата