Ужас во Белгија: 90- годишен старец убил најмалку две лица, една жена е критично

28.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ужас во Белгија: 90- годишен старец убил најмалку две лица, една жена е критично

Покрај двете убиени лица, на возраст од 93 и 97 години, повредена е и една 94-годишна жена која „во критична состојба е пренесена во болница“, соопшти јавното обвинителство на Западна Фландрија.

Наводниот убиец веќе ја убил својата 87-годишна сопруга со чекан во 2021 година, но судовите тогаш не го прогласиле кривично одговорен поради тешкото ментално растројство, изјави градоначалникот на Дентергем, Конрад Дегроте, пренесе „Фигаро“.

Потоа бил сместен во домот за стари лица Дентергем. Новата трагедија се случила синоќа во овој објект. Наводниот напаѓач, кој бил вооружен со „мал нож“, е уапсен и се очекува да биде сослушан од полицијата, рече Дегроте.

Истрагата за околностите е во тек, соопшти обвинителството.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата