Неименуваниот осомничен, за кого се вели дека е бизнисмен, бил уапсен откако авионот слетал на меѓународниот аеродром Том Џобим во Галеао по летот од САД на 23 јануари, објави Дејлимаил.
Момчето ѝ кажало на мајка си дека за време на патувањето му пришол маж и започнал разговор за игри, пред да го нападне сексуално, велат локалните медиуми. По слетувањето, мајката на момчето го однела директно во полиција, која набргу потоа го уапсила силувачот.
„Според изјавите на малолетникот до неговата мајка, откако тој бил далеку од агресорот и безбедно во зоната на пристигнување, рекол дека сторителот му пришол за време на летот и започнал разговор за заеднички интереси и игри, создавајќи доверба меѓу нив. “, се вели во соопштението на полицијата.
По слетувањето во Рио де Жанеиро, федералните полицајци спровеле истрага на аеродромот и го привеле човекот. Сведочењето на момчето, спроведено во полициската станица за деца и адолесценти и со поддршка на специјализирани стручни лица, ја потврдиле верзијата што ја објави мајката на жртвата, што резултирало со апсење на осомничениот.
Plane 'rape' horror: Boy, 11, 'is sexually assaulted by male passenger, 30, during flight from Miami to Rio' https://t.co/OcUNdLbbEN
— Zicutake USA Comment (@Zicutake) January 27, 2025
Полицијата не соопшти дали мајката и синот патувале одвоено. Уапсениот е обвинет за силување на ранлива личност и доколку биде прогласен за виновен се соочува со затворска казна до 20 години. Уапсениот е префрлен во затворот Бенфика во северниот дел на Рио, каде што ќе биде сослушан како дел од тековната истрага.