Мажот, кој бил на одмор, се гледа на снимката како ја удира стјуардесата.
Патниците во авионот изјавиле за The Sun дека инцидентот се случил додека авионот се спремал да слета.
По неговиот напад, екипажот во кабината испаничил и се обиделе да го врзат со безбедносни појаси.
Сведоци тврдат дека патникот, за кој рекле дека бил пијан, дури и почнал да вика дека авионот ќе се сруши додека пилотот силно закочил за време на слетувањето.
Откако станал да оди во тоалет, човекот, идентификуван од полицијата како 49-годишниот Пол Селф, ги игнорирал очајните молби од персоналот да се врати на своето место.
„Имаше многу викање меѓу него и екипажот, а потоа ја удри стјуардесата. На почетокот беше смирен, а потоа одеднаш полуде“, рече еден патник.
Shock moment ‘drunk’ passenger hauled off TUI flight after PUNCHING cabin crew pic.twitter.com/9fHGAnTZya
— The Sun (@TheSun) May 29, 2025
Кога полицијата се качила во авионот, го уапсила патникот и го симнала од авионот, остатокот од екипажот почнал да аплаудира.
Тој првично се спротивставил на апсењето, но на крајот попуштил, ги кренал рацете и извикал „уапсете ме“.
Во меѓувреме, објавено е дека Пол е обвинет за три дела напад и се очекува наскоро да се појави пред судија.