Узбекистан и Казахстан повторно ја отворија границата, но само за 100.000 патници дневно

28.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Узбекистан и Казахстан повторно ја отворија границата, но само за 100.000 патници дневно

Узбекистан и Казахстан повторно го отворија еден од најпрометните гранични премини во Централна Азија, Гишткуприк-Жибек Жоли, по речиси две години реконструкција, со надградени објекти дизајнирани да опслужуваат до 100.000 патници дневно во шпицот, објави денес „Еуроњуз“.

Отворањето се случува во време кога Узбекистан и Казахстан, двете најголеми економии во Централна Азија, ги зајакнуваат своите трговски и туристички врски, а Европската Унија се стреми да развие поефикасни транспортни врски со регионот.

Европската комисија го наведе развојот на Средниот коридор, кој ја поврзува Централна Азија со европските пазари преку Каспиското Море и Јужен Кавказ, како клучен приоритет, со цел тројно зголемување на трговските текови по должината на рутата и значително намалување на времето за транзит на товар до 2030 година.

Контролниот пункт Гишткуприк-Жибек Жоли, кој се наоѓа во близина на узбекистанскиот главен град Ташкент, регистрираше повеќе од 11 милиони преминувања на патници во 2024 година, или просечно околу 30.000 дневно. Иако повторно отворениот контролен пункт им служи на пешаци, патнички автомобили и автобуси, а не на камиони, се очекува неговата модернизација да биде од корист за товарниот сообраќај меѓу Узбекистан и Казахстан.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата