Украинците со дронови уништија складиште за гориво на 160 километри од Москва (ВИДЕО)

18.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Украинците со дронови уништија складиште за гориво на 160 километри од Москва (ВИДЕО)

Регионалниот гувернер Дмитриј Миљаев на Телеграм напиша дека во нападот на објектот нема повредени и дека се уништени пет дронови.

Информацијата не можела да се потврди независно.

Тула, која се наоѓа на 160 километри јужно од Москва, била цел на напад само неколку часа по сличен напад со дрон во регионот Калуга, југозападно од главниот град, кој исто така предизвикал пожар во складиште за гориво, соопштија локалните власти.

Украина, со помош на западните сојузници, се брани речиси три години од целосната руска инвазија, напаѓајќи рафинерии и складишта за гориво длабоко во руската заднина во обид да го наруши снабдувањето со гориво на руската војска како одговор на руските напади на украинската енергетска инфраструктура.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата