Претседателот на Советот на резервните трупи на копнената армија на вооружените сили на Украина, Иван Тимочко, ја критикуваше идејата за едномесечен прекин на огнот меѓу Украина и Русија, оценувајќи дека по завршувањето на таквиот прекин на огнот војната може да стане уште полоша.
- Привремениот прекин на огнот што Западот и ги нуди на Украина нема да има влијание врз војната со Русија, изјави Тимочко за Канал 24.
Тимочко истакна дека „полумерките“ никогаш не даваат резултати и оти Украина веќе има многу негативно искуство со привремени примирја, наведувајќи дека Русија сигурно нема да го почитува договорот.
- Русија ќе се обиде да ги преориентира силите и средствата од воздушни напади кон извршување терористички напади или информативни субверзивни акти против украинската војска. Покрај тоа, привремените договори или оние што не се спроведени секогаш ќе бидат толкувани од страна на Русија на начин што е корисен за неа. Овие привремени решенија нема да доведат до крај на непријателствата, рече Тимочко.
Францускиот претседател Емануел Макрон вчера изјави дека Франција и Велика Британија предлагаат едномесечен прекин на огнот во Украина што треба да се применува „во воздух, во море и во енергијата“.
Макрон рече дека сите учесници на самитот на европските лидери, што се одржа во Велика Британија, се решени да преземат чекори за воспоставување траен мир во Украина и обезбедување колективна безбедност.