Според нив, жителите на Москва, Санкт Петербург и многу централни региони на Руската Федерација од вчера утрото почнаа да се жалат на прекини во мобилните комуникации, интернетот, како и на лошото работење на многу мобилни услуги и апликации. За неколку часа, „Роскомнадзор“ потврди дефект на инфраструктурата“ на компанијата „МегаФон“.
Украинските разузнавачки служби соопштија и дека успешниот кибер напад ја попречил работата и на комуникациските и интернет операторите „Јота“, „НетБиНет“. На Русите привремено им е забранет и пристапот до интернет сервисите како „Стим“, „Твич“ и „Дискорд“.
Во соопштението се наведува дека припадниците на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина уништиле важна сателитска опрема во руската област Тјоткино.