Нападнатиот реон е оддалечен повеќе од 1.800 километри од украинскиот брод.
Во соопштението на ГШ на украинската армија се наведува дека во нападот погодена е и платформа за дупчење во сопственост на Лукоил. Според Киев платформата ги снабдувала руските сили.
Украина тврди дека развила борбени беспилотни летала со дострел од над 2.000 километри.
Во соопштението на ГШ се посочува дека „одбранбените сили ќе продолжат да преземаат мерки за поткопување на офанзивните способности на агресорите и ќе ја принудат Руската Федерација да ја прекине својата вооружена агресија против Украина“.

