Донован ќе раководи со Јужната команда на САД. Тој доаѓа на местото на адмирал Алвин Халси, кој ја напушта функцијата на 12 декември поради пензионирање. Според американските медиуми, Халси изразил резерви за нападите што Пентагон ги извршува врз бродови на осомничени шверцери на дрога во Карипско Море и Тихи Океан, вклучително и брегот на Венецуела.
САД изминатите месеци распоредија воени сили во близина на брегот на Венецуела и извршуваат напади врз бродови за кои се верува дека се вклучени во трговија со дрога, при што загинаа 104. Во исто време, Трамп постојано се заканува со можна копнена интервенција против Владата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.
Владата на Венецуела и Мадуро категорично негираат каква било криминална вмешаност и ги обвинуваат САД дека се обидуваат да го соборат владејачкиот режим и да ги преземат венецуелските нафтени полиња.

