Украина и забрани влез во земјата на романската европратеничка Дијана Шошоака

18.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Украина и забрани влез во земјата на романската европратеничка Дијана Шошоака

Службата за безбедност на Украина и забрани на романската европратеничка и лидерка на суверенистичката партија „СОС Романија“ Дијана Шошоака да влезе на територијата на Украина во период од три години, информира Службата за безбедност во соопштение објавено на веб-страницата на институцијата, објави романскиот информативен сајт Хотњуз.

Украинската амбасада во Букурешт вчера остро реагираше на писмото од Дијана Шошоака до рускиот претседател Владимир Путин, во кое европратеничката тврди дека Романија треба да ги врати териториите под украинска контрола врз основа на пактот Рибентроп-Молотов од 1939 година. 

Украинската амбасада „категорично“ ги осуди овие наводи, нагласувајќи дека секоја изјава што го доведува во прашање територијалниот интегритет на Украина е неприфатлива и е во спротивност со меѓународните норми, Повелбата на ОН и основните демократски вредности.

Во писмото до Путин, Шошоака го повикува рускиот претседател во мировните преговори да размисли за враќање на „романските територии кои незаконски ги држи Украина преку пактот Рибентроп-Молотов“. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата