Русија и Украина реализираа најголема размена на затвореници од почетокот на руската инвазија, во која учествуваа стотици војници и цивили, а размената ќе продолжи и во текот на викендот, соопштија денеска официјални лица од двете земји.
Зеленски рече дека од секоја страна биле разменети по 390 лица - односно вкупно 780 - и дека се очекува размената да продолжи на 24. и 25. мај.
Според руското Министерство за одбрана, ова вклучува 270 воени затвореници и 120 цивили.
Неколку часа претходно, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина и Русија „штотуку ја завршиле“ размената, која беше во тек уште од мировните преговори во Истанбул пред една недела, и дека размената „наскоро ќе стапи на сила“. /МИА