Убиен е новиот лидер на Хамас- само пред 11 дена беше ликвидиран неговиот претходник

27.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Убиен е новиот лидер на Хамас- само пред 11 дена беше ликвидиран неговиот претходник

Лидерот Мохамед Одех беше убиен вчера во рација на неколку згради во градот Газа, по месеци надзор, според заедничкото соопштение на израелската војска и безбедносната служба Шин Бет, објави ДПА.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац претходно потврдија дека цел на нападот бил Одех, командантот на военото крило на Хамас.

Во соопштението се вели дека Одех учествувал во планирањето и извршувањето на масакрот и земањето заложници на 7 октомври 2023 година.

Лекарите во Газа изјавија дека Одех и четворица негови роднини биле убиени во израелските воздушни напади врз градот Газа. Вкупно шест лица биле убиени во тие напади.

Израел го уби претходникот на Одех, Из ал-Дин Хадад, во воздушен напад на 16 мај. Израелскиот министер за одбрана Кац, исто така, го опиша Ал-Хадад како еден од главните организатори на нападот на Хамас на 7 октомври.

Според израелските власти, Одех ја презел командата над военото крило на Хамас во Појасот Газа кратко по смртта на Ал-Хадад, иако Хамас никогаш јавно не го потврдил неговото назначување.

Прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас формално е во сила од октомври 2025 година, иако двете страни постојано се обвинуваат меѓусебно за кршење на договорот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата