Уапсен е убиецот со самострел во Лондон,кој ги уби жената и ќерките на новинар:Беше лош војник

10.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Уапсен е убиецот со самострел во Лондон,кој ги уби жената и ќерките на новинар:Беше лош војник

Убиени се сопругата и двете ќерки на новинарот на Би-Би-Си, Џон Хант.

Локален жител,  мајка на две деца изјавила дека тој бил пронајден на гробишта.

„Вооружената полиција е тука од околу 14.30 часот денес - тоа е застрашувачко“, рече таа. „Задоволна сум затоа што училиштата во Енфилд беа во карантин цел ден и сите активности по завршувањето на училиштето се откажани“.

Вооружени полицајци и специјално обучено куче трагач го пронашле 26-годишниот осомничен откако попладнево ги пребарале гробиштата во близина на Рандлешам Роуд во Енфилд, северен Лондон.

Клифорд беше предмет на голема потера во областите Хертфордшир и северен Лондон, откако три жени беа пронајдени мртви во нивниот дом во Хертфордшир по ужасен напад со самострел. Жртвите подоцна беа идентификувани како Керол Хант (61), Хана Хант (28) и Луиз Хант (25) - сопруга и ќерки на Џон Хант, коментатор на трки за Би-Би-Си во живо.

Се верува дека Хант вчера работел за Би-Би-Си, а наводно се вратил дома за да ги најде смртно повредени сопругата и двете ќерки. Полицијата била повикана во куќата во Ешлин Клоус, Северен Буши, во близина на Вотфорд, нешто пред 19 часот тој ден.

Службениците пристигнаа на местото на настанот заедно со возилата за итни случаи - вклучително и два хеликоптери за брза помош - за да пронајдат три жени со сериозни повреди. Трите жени биле живи кога биле пронајдени, но и покрај максималните напори на болничарите, по кратко време сите трагично починале на местото на настанот.

Клифорд (26) од Енфилд, северен Лондон, беше предмет на голема потера во областите Хертфордшир и северен Лондон, каде што полицијата верува дека тој се криел по убиствата. Според Sky News, Клифорд претходно работел како приватен чувар.

Два хеликоптери биле забележани во близина на домот на Клифорд во Енфилд, како летаат над паркот Хили Филдс спроти неговиот дом , додека основното училиште во близина ги држеше учениците заклучени како мерка на претпазливост додека траеше потрагата.

Осомничениот за тројното убиство е опишан како „незрел“ поранешен војник кој ја напуштил војската пред да ги убие сопругата и ќерките на ѕвездата на Би-Би-Си.

Сан објави дека Клифорд накратко служел во вооружените сили пред синоќешниот напад.

Клифорд бил војник во Змејската гарда на кралицата.

Неговиот поранешен командант од почетокот на неговата кариера рече дека осомничениот за убиството ја напуштил војската набргу по завршувањето на основната обука.

„Клифорд ѝ се приклучи на армијата во 2019 година и јас бев со него на основна обука. Кога се приклучи на армијата беше незрел за својата возраст и имаше некои проблеми со однесувањето. Се бореше да ги разбере основните воени концепти, но успеа да го достигне стандардот потребен за да ја заврши обука“, рече тој.

„Слушнав дека подоцна работел во приватно обезбедување, што би значело дека повеќе не е во војска“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата