Пјонгјанг пресече: „Нема да има извинување“

2.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пјонгјанг пресече: „Нема да има извинување“

Северна Кореја денес ги отфрли како неосновани обвинувањата од Сеул дека севернокорејски мини тешко повредиле јужнокорејски војници во Демилитаризираната зона, одбивајќи го барањето на Јужна Кореја за извинување, објави државната новинска агенција „KCNA“.

Ким Јо Џонг, функционерка на владејачката Работничка партија и влијателна сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, изјави дека Пјонгјанг не поставил намерно мини во граничната зона.

Во својата изјава, Ким истакна дека Јужна Кореја „донела неоснован заклучок оти експлозијата била предизвикана од некој што тајно и намерно поставил мини“.

Истовремено, таа изјави дека Северна Кореја нема да дозволи каква било можност за контакт меѓу двете земји, опишувајќи ја директната средба со Јужна Кореја како „кошмар“, пренесе „KCNA“.

Претходно оваа недела, Јужна Кореја објави дека севернокорејски мини предизвикале експлозија во која тешко биле повредени двајца јужнокорејски војници за време на извидувачка мисија во граничната зона широка четири километри, која се протега низ Корејскиот Полуостров.

Нејзината војска побара од Северна Кореја да се извини и да ги запре работите за утврдување на границата, наведувајќи дека ќе преземе „соодветни“ мерки, пренесе Ројтерс.

Јужнокорејската војска спроведе истрага за инцидентот заедно со Командата на Обединетите нации, која го надгледува почитувањето на примирјето од Корејската војна. Командата на ОН во средата објави дека инцидентот претставува кршење на примирјето од Корејската војна.

Извор: Б92

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата