Апсењето се случи во рамки на се поголемиот притисок врз опозицијата и градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој е во затвор, пренесуваат агенциите.
Имамоглу, главниот политички ривал на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој води на анкетите, е затворен во март и чека судење по обвинение за корупција.
Тој се соочува и со обвиненија за помагање на терористичка група.
Градоначалникот на Истанбул на судењето рече: Овие обвинувања се политички; јас сум претседателот во срцата на 86 милиони. Тој ги негираше сите обвиненија, а неговото апсење предизвика големи протести, економски проблеми и обвинувања дека судството е политизирано.
Владата ги отфрла тие тврдења и истакнува дека судството е независно.
Турската телевизија НТВ објави дека 34 од 52-те лица кои беа уапсени во текот на викендот во рамки на истрагата се пуштени со судски ограничувања.
Турските медиуми објавија во саботата дека властите уапсиле десетици вработени во општина Истанбул како дел од правните истраги кои се фокусираа на Имамоглу.
Меѓу уапсените беа генералниот секретар на општината, началникот на кабинетот на Имамоглу, претседателот и потпретседателот на општинската управа за водовод и канализација, како и раководител на оддел во управата. /МИА