Туристи ќе мора да плаќаат и за рекреативно искачување на планина- на Фиџи се плаќа 25 евра

17.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Туристи ќе мора да плаќаат и за рекреативно искачување на планина- на Фиџи се плаќа 25 евра

Почнувајќи од ова лето, секој алпинист ќе треба да плати 4.000 јени (околу 24,8 евра), пишува Kyodo.

Мерката доаѓа откако соседната префектура Јаманаши објави зголемување на таксата за користење на патеките на истиот износ. Целта е да се намали прекумерниот број посетители и нивното влијание врз природата на највисоката планина во Јапонија, која е дел од светското наследство на УНЕСКО.

Освен што наплаќаат такса, властите во Шизуока воведуваат и ограничувања за пристап на нивните планински правци - помеѓу 14:00 и 03:00 часот, качувањето нема да биде дозволено, освен за оние кои имаат резервации во планинарски домови. Ова правило има за цел да го спречи ноќното качување без соодветен одмор, што е вообичаена практика меѓу туристите.

Новите прописи стапуваат на сила на 9 мај, пред почетокот на официјалната сезона за искачување во јули. Префектурата Шизуока управува со патеките Фуџиномија, Готемба и Субашири, додека патеката Јошида е под надзор на префектурата Јаманаши. Во текот на летните месеци, планината Фуџи привлекува стотици илјади авантуристи, а овие промени имаат за цел да обезбедат побезбедно и поодржливо искуство за сите посетители.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата