Црн чад се појави над Сикстинската капела- конклавата продолжува утре (ВИДЕО)

7.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Црн чад се појави над Сикстинската капела- конклавата продолжува утре (ВИДЕО)

Црниот чад значи дека 133-те кардинали не донеле одлука на првото гласање на конклавата, а процесот за избор на нов папа, продолжува.

Сега во Сикстинската капела ќе има максимум четири гласања дневно од утре до изборот на нов папа, објави Скај Њуз.

Инаку на плоштадот во Ватикан се собраа над 45.000 луѓе за да ја следат конклавата, а веднаш по објавата дека не е избран нов папа во првиот обид, масата луѓе се разотидоа. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата