Северноамериканската командата за воздушна одбрана (НОРАД) соопшти дека авионот бил пресретнат од ловци„ Ф-16“. Тие испукале сигнални ракети за да го привлечат вниманието на пилотот и да воспостават комуникација, по што леталото безбедно било изведено надвор од забранетиот воздушен простор.
Во армиското сопштение не се посочува колку авиони биле вклучени во интервенцијата, ниту каков тип бил цивилниот авион.
Просторот над имотот „Мар-а-Лаго“ на Палм Бич речиси постојано е забранета зона за летањекога претседателот престојува таму. Трамп често во викендите во зима оди на Флорида, каде беше и изминатите неколку дена.

