Ценовен хаос на пумпите во Германија: Гориво со променлива цена – по 50 пати дневно!

22.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ценовен хаос на пумпите во Германија: Гориво со променлива цена – по 50 пати дневно!

Критиката ја поддржа и Агенцијата за борба против монополи, но здружението на оператори на пумпи „Fuels and Energie“ ги отфрли сите забелешки.

Основата за жалбата е студија за следење на цените на околу 14.000 пумпи од 12 до 18 мај. Пумпите секоја промена мора да ја пријават до канцеларијата за транспарентност на пазарот.

„Benzinpreis.de“ утврдил дека 11.000 пумпи барем еднаш ја промениле цената што важела помалку од 15 минути, а 3.851 пумпа ја менувала цената и за помалку од пет минути, пишува „B92“.

Со тоа „се манипулира со потрошувачите“ кои избираат пумпа според цената, без реална шанса навистина да ја затекнат таа цена кога ќе пристигнат. Порталот во студијата ги повика здруженијата за заштита на потрошувачи да ги предупредат операторите.

Fuels and Energie, кое ги претставува и големите трговци со нафтени деривати, укажа дека канцеларијата за пазарна транспарентност не утврдила никакви недостатоци во нивното работење.

– Пазарот на гориво за возила е целосно транспарентен – а бензинските пумпи – во силна конкуренција се борат за секој поединечен возач и затоа цената варира – соопшти здружението.

Сепак, федералната антимонополска агенција за dpa оцени дека – честото менување на цените на пумпите го оневозможува потрошувачот да ги споредува податоците и да заштеди.

Агенцијата уште во април го анализираше пазарот и утврди дека во првиот квартал пумпите во просек ја коригирале цената 22 пати дневно, а секоја дванаесетта пумпа ја менувала повеќе од 35 пати во 24 часа.

На високите просечни вредности придонеле некои пумпи кои ја менувале цената и повеќе од 50 пати дневно – односно повеќе од двапати на час.

Агенцијата укажа и на практики од други држави, како Италија и Австрија, каде на различни начини се ограничува бројот на промени на цените, но засега нема препорака за решение за Германија.

Дополнително, економистите се разидуваат околу ефектите од честите промени на цените – некои го гледаат тоа како порталот, додека други сметаат дека брзите корекции на долг рок ја туркаат цената надолу, пренесува Биз портал.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата