Тројца загинати и осуммина исчезнати алпинисти во лавина на Хималаите

3.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тројца загинати и осуммина исчезнати алпинисти во лавина на Хималаите

Пет странски државјани се меѓу исчезнатите на планината Јалунг Ри Химал, која се издига на 5.630 метри надморска височина во округот Долака, североисточно од Катманду, изјави за Ројтерс полицаецот Гјан Кумар Махато. Националностите на загинатите и исчезнатите странци сè уште не се познати,пренесе Индекс.

Планината е предизвикувачка за алпинистите

Четири повредени алпинисти се префрлени во блиското село, а потрагата по исчезнатите, во која се вклучени и хеликоптери, сè уште е во тек, додаде Махато. „Исто така, испративме спасувачки екипи на армијата и полицијата на терен и чекаме понатамошен развој на ситуацијата“, рече тој.

Планината Јалунг Ри се наоѓа во долината Ролвалинг во североисточен Непал, на Хималаите, а алпинистите таму се соочуваат со предизвикувачки услови кои вклучуваат карпи, мраз и снег.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата