Тројца Авганистанци демолираа супермаркет во Виена- муштерии завршија во болница (ВИДЕО)

13.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тројца Авганистанци демолираа супермаркет во Виена- муштерии завршија во болница (ВИДЕО)

Инцидентот се случил на 4 јули, а сега е објавеба снимката. Тие кршеа сѐ пред себе и ги нападнаа клиентите во супермаркет на Волфгангасе во 12-тиот арондисман. Поради сиот хаос мораше да интервенира и полицијата.

Пријавени се тројца осомничени поради сомнение за телесни повреди и материјална штета. Еден од нив, 23-годишен маж, кој очигледно бил многу пијан, привремено е уапсен поради агресивно однесување.

Тројцата авганистански бунтовници се соочуваат со постапка за одземање на статусот на престој.

На видеото од продавницата се гледаат двајца млади мажи - очигледно со арапско потекло - од непознати и сосема неразбирливи причини прво почнуваат да прават хаос во одделот за овошје и зеленчук, фрлаат роба низ продавницата и клоцаат по полиците. Купувачите се обидуваат да се извлечат од метежот, но завршуваат во хаос.

Еден вработен постојано се обидуваше храбро да ја смири ситуацијата. Локален клиент (36) и неговата партнерка (47) биле ненадејно нападнати и повредени од тројцата злосторници, како што вчера потврди полицијата на прашањето на oe24. Двојката подоцна морале да бидат лекувани во болница.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата