Трет американски носач на авиони во близина на Иран, колкав арсенал има американската морнарица во Ормуската Теснина

24.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трет американски носач на авиони во близина на Иран, колкав арсенал има американската морнарица во Ормуската Теснина

Како што соопшти американската Централна команда што ги надгледува операциите на Блискиот Исток, бродот „USS George H. W. Bush“ пристигнал во Индискиот Океан без да се наведе која е неговата конкретна мисија.

Голем дел од капацитетите на американската морнарица се вклучени во операциите за ограничување на пристапот до иранските пристаништа во близина Ормуската Теснина.

Во нив се вклучени повеќе разурнувачи од класата „Arleigh Burke“, меѓу кои „USS Pinckney“, „USS Michael Murphy“, „USS Delbert D Black“, „USS Rafael Peralta“ и „USS Spruance“. Станува збор за воени бродови со екипаж меѓу 329 и 359 лица, способни да лансираат ракети „Tomahawk“ и торпеда.

Во операцијата во Арапското Море учествува и „USS Abraham Lincoln“, носач на авиони на нуклеарен погон од класата „Nimitz“, пуштен во служба во 1989 година.

Во регионот се наоѓа и „USS Gerald R. Ford“, најголемиот носач на авиони во светот, што неодамна помина низ Суецкиот канал.

САД во регионот имаат распоредено и амфибиски бродови, меѓу кои „USS Tripoli“ и „USS New Orleans“, како и брзиот борбен брод „USS Canberra“ од класата „Independence“.

Според извештајот, во операцијата за контрола на пловидбата низ Ормуската Теснина се ангажирани над 12 воени бродови и стотина борбени и извидувачки авиони. Притоа американските сили спречиле најмалку 29 брода да минат низ зоната и се вратени назад.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата