Трамп вели дека САД потопиле седум мали ирански брода во Ормускиот теснец

5.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп вели дека САД потопиле седум мали ирански брода во Ормускиот теснец

 Трамп одби да каже дали примирјето меѓу САД и Иран останува на сила откако двете страни отворија оган  кон Ормутскиот теснец. Обединетите Арапски Емирати, сојузник на САД, соопштија дека нивната воздушна одбрана спречила 19 ирански ракети и дронови и дека напад со беспилотни летала предизвикал пожар во големо нафтено пристаниште.

Трамп, исто така, ги предупреди иранските сили дека ќе бидат „разнесени од лицето на земјата“ доколку се обидат да ги таргетираат американските бродови во теснецот или во Персискиот залив.како дел од таканаречениот „проект слобода“.

Според него  САД потопиле седум мали ирански брода откако Техеран пукал во неколку брода во Ормускиот теснец.тој додаде дека нема штета предизвикана како резултат на иранските напади, освен врз еден јужнокорејски брод.Можеби е време Јужна Кореја да дојде и да се придружи на мисијата! Соборивме седум мали чамци или, како што сакаат да ги нарекуваат, ‘брзи’ чамци. Тоа е сè што им остана. Освен јужнокорејскиот брод, напиша Трамп на неговата платформа Трут соушал.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата