Трамп вели дека „болката“ од царините ќе биде „вредна за цената“

2.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп вели дека „болката“ од царините ќе биде „вредна за цената“

„Дали ќе има болка? Да, можеби (а можеби и не!)“, напиша Трамп на неговата социјална мрежа „Truth Social“, еден ден по потпишувањето на царините за Мексико, Канада и Кина поради загриженоста за илегална имиграција и трговија со дрога.

„Но, ќе ја направиме Америка повторно голема, и сето тоа ќе вреди за цената што мора да се плати“, додаде тој./МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата