Трамп со досега најостри зборови кон рускиот претседател: Путин си игра со оган

27.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп со досега најостри зборови кон рускиот претседател: Путин си игра со оган

„Она што Владимир Путин не го сфаќа е дека да не бев јас, многу навистина лоши работи веќе ќе ѝ се случеа на Русија, и мислам навистина лоши. Тој си игра со оган“, рече Трамп во објава на платформата TruthSocial.

Трамп претходно изјави дека размислува за воведување санкции врз Русија оваа недела или повлекување од преговорите за прекин на огнот во Украина, бидејќи станува сè повеќе фрустриран од нападите врз Украина и бавното темпо на мировните преговори, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на неименувани извори.

Весникот оцени дека Трамп верува дека го познава Путин и дека рускиот лидер ќе ја заврши војната како лична услуга кон него, но дека одлуката на Путин да не попушти го влошила мислењето на Трамп за рускиот претседател, особено по телефонскиот повик минатата недела во кој Путин одби да потпише договор за прекин на огнот.

По интензивирањето на нападите со беспилотни летала врз Украина од страна на Русија, вклучително и нападите врз Киев, Трамп остро го критикуваше Путин.

„Отсекогаш сум имал многу добар однос со Владимир Путин, но нешто му се случи. Тој целосно полуде“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата