„Ова е време на големо страдање за нашата нација“, рече Трамп на почетокот на своето обраќање.
Потоа потврди дека нема преживеани во авионската несреќа.
„Во тек е масовна операција за пребарување и спасување. За жал, нема преживеани. За жал, ние како нација жалиме за секоја скапоцена душа што ни е одземена“, рече тој.
Трамп рече дека трагедијата што се случи потресе многу луѓе. Во свое, но и во име на сопругата, тој изрази сочувство до семејствата на жртвите.
Несреќата се случила синоќа кога авион со 64 лица се судрил со воен хеликоптер „Блек Хок“ со тројца војници и се урнал во реката Потомак додека се обидувал да слета на националниот аеродром „Роналд Реган“ во Вашингтон.
Американските власти соопштија дека нема преживеани.