Трамп: САД веднаш ќе забрани влез и излез цо теснецот на секој брод што му платл на Иран

12.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп: САД веднаш ќе забрани влез и излез цо теснецот на секој брод што му платл на Иран

Американската делегација на чело со Потпретседателот Џ.Д. Венс пред да го напушти Исламабад потврди дека не успеале да постигнат договор.

„Имавме голем број суштински разговори со Иранците, тоа е добрата вест. Лошата вест е дека не постигнавме договор. И тоа мислам дека повеќе е лоша вест за Иран, отколку за САД. Значи, се враќаме на тоа дека САД не постигнаа договор. Ставивме до знаење за тоа кои се нашите црвени линии, за кои сме подготвени да се прилагодиме, а за кои не. Истото го ставиме до знаење колку е можно појасно, но тие одбија да ги прифатат нашите барања.“-потпретседателот Џ.Д. Венс.

Иранското министерство за надворешни ги оцени разговорите како „интензивни“ и го повика Вашингтон да се воздржи од „прекумерни и незаконски барања“. По неуспешните преговори со Иран во Пакистан, Американскиот Претседател Доналд Трамп на truth social најави дека САД почнува со блокада на бродовите во Ормутскиот теснец. „Никој што плаќа нелегален данок нема да има безбеден премин на отворено море. Исто така, ќе почнеме да ги уништуваме мините што ги поставиле Иранците во теснецот.“ се вели во објавата на Американскиот претседател.

Останува неизвесно како ќе се одвива кревкото двонеделно примирје, каде очигледно клучен е бродскиот транспорт на нафта низ Ормутскиот теснец. Претходно , Иранската револуционерна гарда соопшти дека Ормутскиот теснец е во нивни раце, а секој обид воени бродови да минат низ него ќе биде строго казнет. Техеран најави дека за преминот низ овој стратешки воден пат ќе се наплаќа во иранска валута, Ријал.

Сепак, дел од аналитичарите сметаат дека со оглед на маратонските преговори, можно за некои одредени работи да има и приближување на ставовите..

„Очигледно е дека двете страни се обвинуваат меѓу себе за пропаѓањето на преговорите. Но, тешко е да се очекува лесна разврска на проблемите кои траат 47 години наназад и истите да се решат за десетина часа директни преговори - тоа е преголемо очекување. Очигледно е дека сме каде што сме и сегашната загриженост е дали војната ќе продолжи, особено што Орумтскиот теснес во Иран ќе станува ќе биде точка на жариште.“- -  Касра Наџи, Аналитичар за ББС.

Целосно отворање на Ормутскиот теснец за меѓународен поморски сообраќај и влијанието на Иран врз оваа стратешка рута за транспорт на нафта, производството на нукклеарно оружје и замрзнатите ирански средства од околу  27 милијарди долари во банките низ светот, се меѓу најклучните точки за неусшешните преговори меѓу САД и Иран, во Пакистан.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата