Во објава на неговата платформа „Truth Social“, американскиот претседател вели дека разговарале за Украина и Блискиот Исток, како и за вештачката интелигенција .
Трамп порача дека со Путин се договорил преговорите за Украина да започнат веднаш.
Американскиот претседател додава дека тој и Путин разговарале за фактот дека САД и Русија успешно соработувале за време на Втората светска војна и изразиле очекување за „големите придобивки што еден ден ќе ги постигнат со заедничка работа“. И двајцата се согласија, рече Трамп, дека сакаат „да ги запрат милионите смртни случаи што се случуваат во војната меѓу Русија и Украина“.
„Се договоривме да работиме заедно, многу блиску, вклучително и посети на нашите земји. Се договоривме и нашите тимови веднаш да започнат преговори, а ќе започнеме со тоа што ќе го повикаме украинскиот претседател Володимир Зеленски за да го информираме за разговорот, што ќе го направам токму сега. Трамп додава дека доделил тим на чело со државниот секретар Марко Рубио да ги води преговорите.
„Сакам да му се заблагодарам на претседателот Путин за неговото време и трудот за време на овој повик, како и за вчерашното ослободување на Марк Фогел, прекрасен човек на кого лично му посакав добредојде во Белата куќа синоќа. Верувам дека овој напор ќе дојде до успешен заклучок, се надевам наскоро! - заклучи Трамп.