Трамп разговараше со Макрон пред денешниот самит во Париз за мирот и безбедноста во Украина

27.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп разговараше со Макрон пред денешниот самит во Париз за мирот и безбедноста во Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп пред денешниот состанок во Париз за Украина, на кој присуствуваат претставници на околу 30 земји и украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопшти француското претседателство.

Макрон и британскиот премиер Кир Стармер денеска се домаќини на денешниот состанок на која ќе се разговара за зајакнување на воената поддршка за Украина, како и за безбедносните гаранции за земјата кои западните сојузници би ги дале во случај на мировен договор со Русија.

Самитот, како што рече Макрон минатата недела, треба да овозможи „финализирање“ на работата за договор за воена помош за Украина „на краток рок“, по „траен и одржлив модел на украинската армија за спречување на руската инвазија“ во иднина и за „безбедносни гаранции кои можат да ги донесат европските армии“, вклучително и копнено распоредување на украинска територија.

Прашањето за испраќање западни мировници на украинска територија во случај на прекин на огнот со Русија ќе биде во фокусот на самитот, јави Франс 24.

Иницијативата за распоредување на европските сили во Украина поради гарантирање мир најмногу ја заговараат Макрон и Стармер.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата