Трамп: Нашите стратешки цели во Иран се речиси исполнети

2.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп: Нашите стратешки цели во Иран се речиси исполнети

Во 19-минутниот говор во Белата куќа, Трамп наизуст ги набројуваше успесите на американската војска во Иран, без да даде прецизна временска рамка за завршување на конфликтот.  

-Вечерва можам да кажам дека сме на добар пат да ги завршиме сите воени цели на Америка, наскоро, многу наскоро. Ќе ги погодиме исклучително силно во следните две до три недели. Ќе ги вратиме во каменото доба каде што им е местото. , изјави Донал Трамп, претседател на САД.

Воинствената реторика на Трамп не ги смири стравувањата на трговците. Напротив нафтата експресно скокна на 107 долари за барел, а европските и азиските берзи одново потонаа, особено откако тој порача дека неговата земја не е зависна од Ормускиот теснец и дека најзасегнатите земји од енергетската криза треба да се обидат да го деблокираат.

-Имам предлог. Прво, купете нафта од Соединетите Американски Држави. Имаме многу, толку многу. И второ, соберете малку одложена храброст... Одете во Теснецот и само земете го. Заштитете го. Користете го за себе. Иран е во суштина десеткуван. Во секој случај, кога овој конфликт ќе заврши, Теснецот природно ќе биде отворен. , изјави Трамп.

Трамп во говорот воопшто не го спомена НАТО и не ги расчисти најавите за можно напуштање на сојузот. Не ја спомена можноста за копнена офанзива, ниту идејата за враќање на стотиците килограми збогатен ураниум закопан под урнатините во Иран.

-Целиот тон во обраќањето на Трамп одеше во сосема поинаква насока, каде што Трамп ја изложи важноста и образложението за војната. Говорот сугерира дека Трамп бара излезно решение. , изјави Џесика Генауер, експерт за меѓународни конфликти.

За Иран конфликтот продолжува со како што предупреди уште посилен воен одговор, а успесите на американската војска ги оцени за симболични.

-Очекувајте од нас посилни и подеструктивни дејствија. Објектите што досега ги таргетиравте се незначителни, а нашето стратешко воено производство се наоѓа на локации за кои апсолутно ништо не знаете. , изјави Ебрахим Золфагари, портпарол на иранската војска.

Проценките се дека во едно месечниот конфликт загинале над три илјади луѓе во Иран и Либан. Војната одзеде и 19 израелски цивилни жртви, 10 израелски и 13 американски војници. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата