„Ќе се сретнам, да“, рече Трамп во интервју за Фокс њуз, на прашањето дали ќе се сретне со севернокорејскиот лидер, со кој се сретнал три пати за време на неговиот прв претседателски мандат,објави Ројтерс.
Трамп, кој ја презеде функцијата во понеделникот, го нарече севернокорејскиот лидер „паметен човек“.
„Се согласував со него. Тој не е религиозен фанатик“, рече американскиот претседател.
WASHINGTON, D.C. — US President Donald Trump will reach out to Kim Jong Un again, he said in an interview aired Thursday, calling the North Korean leader with whom he previously met three times a "smart guy."
— The Manila Times (@TheManilaTimes) January 24, 2025
READ: https://t.co/EHQwoHzD7l pic.twitter.com/C6NuxMtufc
Трамп постојано изјавуваше дека имал добри односи со Ким за време на неговиот прв мандат, иако нивните нуклеарни разговори на крајот пропаднаа во 2019 година.
Тој, исто така, постојано укажува дека сака да ја врати дипломатијата со Северна Кореја.
Неколку часа по преземањето на функцијата во понеделникот, Трамп ја нарече Северна Кореја „нуклеарна сила“ и рече дека верува оти Ким треба да биде среќен поради неговото враќање на американското претседателство.