Трамп најави продолжување на примирјето со Иран, продолжуваат блокадите на иранските пристаништа

22.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп најави продолжување на примирјето со Иран, продолжуваат блокадите на иранските пристаништа

Во објава на платформата „Truth Social“, тој наведува дека одлучил да го „продолжи примирјето“ додека „Иран не претстави предлог за ставање крај на конфликтот“. Додава дека им наредил на вооружените сили да ја одржуваат блокадата.

Трамп изјави дека постапува на барање на Пакистан, да се одложат нападите додека иранските лидери и претставници не изнесат, како што посочува, единствен предлог за завршување на конфликтот.

„Затоа и наредив на нашата војска да ја продолжи блокадата и, во сите други аспекти, да остане подготвена, па така ќе го продолжам примирјето додека не биде поднесен нивниот предлог и не завршат разговорите, на овој или на оној начин“, рече Трамп.

Светските агенции пренесуваат изјава на високорангиран ирански претставник кој изјави дека Иран би можел да учествува во разговори со САД во Пакистан доколку Вашингтон се откаже од својата политика на притисоци и закани. Тој додаде дека Техеран ги отфрла преговорите што би значеле предавање.

Иранскиот претставник истакнува дека Пакистан како посредник продолжува со напорите да ги убеди САД да ја укинат поморската блокада и да го ослободат контејнерскиот брод „Тоуска“ под иранско знаме што во неделата беше запленет од американските сили.

Тој го обвини Вашингтон дека „секој ден создава нови пречки наместо да ги решава разликите“ 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата