Министерството не објави детали од разговорот, одржан во светлината на загриженоста на двете земји во врска со плановите на американскиот претседател Доналд Трамп за изградба на противвоздушен штит наречен „Златна купола“ и неговата искажана намера да продолжи со тестирањето на нуклеарно оружје по повеќе од 30 години, пренесе Ројтерс.
„Ги анализиравме дестабилизирачките фактори“
„Беше одржана детална дискусија, вклучително и заедничка анализа на релевантните дестабилизирачки фактори што создаваат стратешки ризици за глобалната и регионалната безбедност и размена на мислења за тоа како да се минимизираат“, се вели во соопштението за медиумите.
Трамп изјави дека сака да постигне договор со Русија и Кина за „денуклеаризација“, но Пекинг ги отфрла напорите на Вашингтон да започне дијалог за нуклеарното оружје. Кина брзо развива нуклеарно оружје, но нема интерес да преговара со Русија и САД, чии арсенали се многу поголеми, објави Индипендент.
Последниот преостанат договор меѓу Русија и САД со кој се ограничува бројот на стратешки нуклеарни боеви глави од двете страни истекува во февруари. Трамп сè уште не одговорил официјално на предлогот на Москва да му се продолжи мандатот за една година за да започнат преговори за негова замена.

