„Тоа ќе се случи многу скоро“, пренесе „Њујорк пост“ изјава на Трамп од денешното телефонско интервју. Трамп појасни дека од американска страна во преговорите ќе учествуваат неговиот зет Џаред Кушнер и специјалниот пратеник Стив Виткоф, а можно е да се приклучи и потпретседателот Џеј-Ди Венс.
Претходно, пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф ги покани делегациите на САД и Иран в петок во Исламабад, каде што треба да се разговара за конечен договор за решавање на конфликтот.
Според пакистански извори, на средбата би можеле да присуствуваат и претставници од Саудиска Арабија, Турција и Египет, кои претходно се консултираа со Пакистан за деескалација на ситуацијата.

