Трамп: Мислам дека Русија сака крај на војната, но можно е да одолговлекува

26. 03. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп: Мислам дека Русија сака крај на војната, но можно е да одолговлекува

Постигнатиот договор предвидува сигурна пловидба на трговски бродови кои не смеат да се користат за воени цели, како и воздржување од употреба на сила. Белата Куќа исто така објави и дека по преговорите САД ќе помогне да се врати рускиот пристап до светскиот пазар за земјоделски производи и ѓубрива. Сепак, и покрај умерениот скептицизам, Трамп изрази надеж дека и Русија и Украина би сакале да стават крај на војната.

-Mислам дека Русија сака да го види крајот (на војната) но, можно е да одолговлекува. Сум го правел и јас тоа низ годините, не сум сакал да потпишам договор, знаете сакам да останам во играта, но можеби не сакам да го направам тоа, не сум сигурен. Но, мислам дека Русија би сакал да се стави крај (на војната) и мислам дека Зеленски би сакал да заврши во овој момент. - Доналд Трамп – Претседател на САД

Сепак, Русија останува скептична, а министерот за надворешни работи Сергеј Лавров инсистира дека само директна наредба од Вашингтон може да гарантира усогласеност на Киев. Во меѓувреме, украинскиот претседател Зеленски ја потврди посветеноста на Киев, но предупреди дека ако има нови воени активности во Црното море, тогаш неговата земја ќе преземе дополнителни мерки.

-Како Русија ќе се однесува во наредните денови ќе открие многу, ако не и сè. Ако повторно има предупредувања за воздушен напад, ако има обновени воени активности во Црното Море, ако продолжат руските манипулации и закани - тогаш ќе треба да се преземат нови мерки, особено против Москва.- Володимир Зеленски – Претседател на Украина

-Ќе ни бидат потребни јасни гаранции, и можеби ќе има гаранции, земајќи ги предвид тажните искуства од договорите со Киев. Гаранциите би можеле да се остварат само со директна наредба од Вашингтон кон Зеленски и неговиот тим да го направат тоа и тоа и никако поинаку. И мислам дека нашите американски партнери го примија тој наш сигнал. - Сергеј Лавров – Министер за надворешни работи

Во меѓувреме, Зеленски вечерва ќе се сретне со неговиот француски колега Макрон во Париз, во пресрет на самитот посветен за Украина.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата