На аеродромот во Вашингтон избегнат судир на патнички и воен авион

29.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
На аеродромот во Вашингтон избегнат судир на патнички и воен авион

Авион од типот „Ербас“ A319 полетал од аеродромот „Роналд Реаган“ кон Минеаполис. Истовремено, четири млазни авиони Нортроп T-38 „Телон“ на Военото воздухопловство на САД на САД се наоѓале во истиот регион и правеле демонстративен прелет над Националните гробишта Арлингтон.

-Летот на „Делта“ добил предупредување дека во близина има друг авион, а контролата на летање дала корективни инструкции на двата авиона, наведуваат од Управата.

Не се прецизира колку блиску се доближиле авионите, но се истакнува дека двете летала продолжиле со лет без инциденти.

Медиумите потсетуваат на трагичната авионска несреќа што се случи при крајот на јануари годинава кога во близина на истиот аеродромот се судрија и се урнаа во реката Потомак патнички авион и воен хеликоптер, при што загинаа 67 лица. Во авионот имало 60 патници и четворица членови на екипажот, а хеликоптерот бил управуван од тројца. Оваа авионска несреќа е најтешка во САД во последните 15 години. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата