„Кина, можеби не е изненадувачки за некои, целосно го прекрши договорот со нас. Толку за тоа што бев добродушен!“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social.
„Пред две недели, Кина беше во сериозна економска опасност! Многу високите царини што ги воведов ѝ направија речиси невозможно на Кина да тргува на пазарот на Соединетите Американски Држави, кој е убедливо најсилниот во светот.
Ги прекинавме односите со Кина практично преку ноќ и тоа беше катастрофално за нив. Многу фабрики беа затворени и имаше, благо речено, „граѓански немири“. Видов што се случуваше и не ми се допадна - поради нив, а не поради нас. Брзо постигнав ДОГОВОР со Кина за да ги спасам од она што сметав дека може да стане многу лоша ситуација, а не сакав тоа да се случи.
Благодарение на тој договор, сè брзо се стабилизираше и Кина се врати на вообичаениот начин. Сите беа среќни! Тоа е добра вест!!!
Лошата вест е дека Кина, можеби не е изненадувачки за некои, ЦЕЛОСНО ГО РАСКИНА ДОГОВОРОТ СО НАС. Толку за тоа што бев ДОБРОДУШЕН“, напиша Трамп на оваа социјална мрежа.
Американски министер: Преговорите се заглавени
Трговските разговори на САД со Кина се „малку заглавени“ и постигнувањето договор веројатно ќе бара директно вклучување на претседателот Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг, изјави вчера американскиот министер за финансии Скот Бесент за „Фокс њуз“.
Две недели откако напредокот во разговорите резултираше со привремено примирје во трговската војна меѓу двете најголеми економии во светот, Бесент рече дека напредокот е бавен оттогаш, но додаде дека очекува повеќе разговори во следните неколку недели.
Договорот меѓу САД и Кина за намалување на троцифрените тарифи за 90 дена предизвика масовно зголемување на глобалните цени на акциите.
Но, тој не направи ништо за да се справи со основните причини за тарифите на Трамп за кинеските стоки, главно долгогодишните американски поплаки за кинескиот економски модел ориентиран кон државниот, извоз, оставајќи ги тие прашања за идните преговори.