Американскиот претседател Доналд Трамп во саботата одби да ја исклучи можноста за воена сила во неговата кампања за преземање на Гренланд, велејќи дека има обврска да обезбеди сопственост на данската територија, која постојано ги отфрла неговите обиди.
„Ќе го земеме Гренланд, сто проценти“ еден ден откако високи претставници на администрацијата, вклучително и потпретседателот Џеј-Ди Венс, ја посетија американската воена база на островот, Трамп во интервју за NBC News потврди дека „апсолутно“ разговарал за анексија на Гренланд.
„Ќе го земеме Гренланд. Да, сто проценти“, рече Трамп, пренесе NBC.
За време на посетата во петокот, Венс остро ја критикуваше Данска, обвинувајќи ја дека заостанува во безбедносните инвестиции и со тоа го остави Гренланд изложен на можни инвазии од Русија и Кина. Тој го повика народот на Гренланд да се отцепи од Данска за да овозможи „разговор“ меѓу САД и островот за потенцијално преземање.
Американскиот претседател дури не ја исклучува и употребата на сила за заземање на Гренланд.
Трамп ја повтори својата посветеност на идејата САД да ја преземат контролата врз островот, но исто така додаде дека постои „добра можност“ тоа да се постигне без воена интервенција. „Не, никогаш не исклучувам воена сила. Но, мислам дека има добри шанси да го направиме тоа без неа“, рече Трамп. „Ние имаме обврска да го заштитиме светот. Станува збор за светскиот мир и меѓународната безбедност. И додека јас сум претседател, тоа е моја одговорност. Не, не исклучувам ништо.