Мелони ја осуди пресудата на Марин Ле Пен

1.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мелони ја осуди пресудата на Марин Ле Пен

Италијанската премиерка Џорџа Мелони ја осуди пресудата против лидерката на француската екстремна десница Национален собир, Марин Ле Пен, велејќи дека ниту еден човек кој се залага за демократија не може да биде задоволен со пресуда која влијае на лидерот на „големата партија“.

„Не знам кои се причините за таква силна одлука, но мислам дека никој што се грижи за демократијата не може да биде среќен поради пресудата што влијае на лидерот на голема партија и која го одзема правото на таа личност да претставува милиони луѓе“, изјави Мелони за италијанскиот весник „Ил Месаџеро“.

Францускиот суд ја осуди Ле Пен на четири години затвор, од кои две условни и парична казна од 100.000 евра.

Покрај Ле Пен, уште осум пратеници од нејзината партија се осудени за проневера на јавни средства.

Пресудата, исто така, и забрани на Ле Пен да учествува на изборите, што автоматски значи дека и е забрането да се кандидира на претседателските избори во Франција во 2027 година, дури и ако поднесе жалба.

Ле Пен рече дека со пресудата е „елиминирана“, но и „гласовите на милиони Французи“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата