„Единствениот претседател кој не дал ништо од украинската земја на Русија на Путин е претседателот Доналд Џеј Трамп“, напиша Трамп на „Трут Соушл“.
Тој истакна дека тоа треба да се запамети и покрај критиките од демократите и „лажните вести“.
- Утре вечер ќе биде големо. Ќе кажам како што е, додаде Трамп.
Објавата доаѓа по напнатата средба меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Овалната соба во петокот./МИА