Во телефонско интервју за американскиот телевизиски канал Фокс њуз во врска со апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро од страна на американската војска, Трамп рече дека нарко-картелите го водат Мексико, а не избраната влада.
Според него, Шајнбаум се плаши од картелите и не е во можност да преземе решителни мерки против нив.
Трамп дополнително изјави дека постојано ѝ нудел на мексиканската претседателка помош од САД за борба против картелите, што таа го одбила.
Во исто време, тој ѝ посочи дека Вашингтон може да прибегне кон построги мерки.
- Нешто ќе мора да се направи со Мексико, рече Трамп.
Американскиот претседател во моментов држи прес-конференција во врска со нападот на Венецуела и апсењето на Мадуро.

