Тој уште еднаш побара ослободување на Мадуро и го осуди „ладнокрвното“ убиство на неговите телохранители. Падрино не го наведе точниот број на убиени припадници на обезбедувањето на Мадуро.
Педрино го поддржа прогласувањето на потпретседателката Делси Родригез за привремен претседател на земјата, врз основа на одлуката на Врховниот суд на Венецуела со која таа ја презема власта 90 дена.
Тој рече и дека вооружените сили на Венецуела се мобилизирани низ целата земја за да го гарантираат државниот суверенитет.

