Трамп на својот профил на Икс изјави дека тоа го побарал неименуван „нов претседател на иранскиот режим“, кого го опиша како поинтелигентен од неговите претходници.
„Претседателот на новиот ирански режим, многу помалку радикализиран и многу поинтелигентен од неговите претходници, штотуку побара од САД прекин на огнот. Ќе размислиме за тоа кога Ормуската Теснина ќе биде отворена, слободна и проодна. Дотогаш, ќе продолжиме да го ракетираме Иран до заборав, или, како што велат, со камена ера“, напиша Трамп.
Трамп претходно објави дека САД ќе го напуштат Иран за „две или три недели“ и дека цените на нафтата ќе паднат штом тоа ќе се случи.
Тој, исто така, рече дека нема да има никаква врска со ситуацијата во Ормуската Теснина и дека земјите што зависат од нафта и гас од Блискиот Исток треба сами да обезбедат премин низ таа поморска рута.
„Што ќе се случи со преминот - ние нема да имаме никаква врска со тоа“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба, додавајќи дека другите земји, како што се Кина и Франција, „ќе се погрижат сами за себе“.

