Трамп им се закани на земјите од БРИКС со 100 проценти царини

31.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп им се закани на земјите од БРИКС со 100 проценти царини

- Идејата дека земјите од БРИКС се обидуваат да се оддалечат од доларот, додека ние стоиме и гледаме, заврши, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут Соушл (Truth Social).

- Ние ќе бараме посветеност од овие навидум непријателски земји дека нема да создадат нова валута БРИКС, ниту да поддржат друга валута што ќе го замени моќниот американски долар или, тие ќе се соочат со царини од 100 проценти и треба да очекуваат да се збогуваат со продавање во прекрасната американска економија, истакна Трамп.

Акронимот БРИКС е изведен од почетните букви на земјите основачи Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка. На почетокот на 2024 година, Иран, Етиопија, Египет и Обединетите Арапски Емирати се приклучија на БРИКС, додека Индонезија се приклучи на почетокот на јануари.

Групата има за цел да дејствува како противтежа на Групата седум (Г7) водечки западни економски сили.

Рускиот претседател Владимир Путин постојано ја критикува доминацијата на американската валута и ја објави својата намера да воспостави независен систем за плаќање и клиринг во рамките на сојузот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата