Трамп ѝ се закани на Британија: Сѐ поголем е јазот маѓу Вашингтон и Лондон

19.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп ѝ се закани на Британија: Сѐ поголем е јазот маѓу Вашингтон и Лондон

Во интервју за Скај њуз, Трамп рече дека САД ѝ дале на Велика Британија „добар трговски договор“ кој е „подобар отколку што морал да биде“, додавајќи дека тој „секогаш може да се промени“, објавува Политико од Брисел.

Тој, исто така, го критикуваше британскиот премиер Кир Стармер, доведувајќи ја во прашање силата на таканаречениот „специјален однос“ меѓу двете земји.

Обраќајќи се пред пратениците во Долниот дом, Стармер рече дека нема да попушти пред притисокот од Вашингтон.

„Ова не е наша војна и имаше голем притисок врз мене да го сменам курсот, вклучително и она што се случи синоќа. Нема да се предомислам и нема да попуштам“, рече Стармер.

Запрашан за односите меѓу САД и Велика Британија во истото интервју, Трамп беше остар, велејќи дека Лондон не успеал да обезбеди поддршка кога било потребно.

Заканата на американскиот претседател предизвика загриженост во Вестминстер, 11 месеци откако Велика Британија стана првата земја што потпиша трговски договор со САД во вториот мандат на Трамп, според порталот Брисел.

Со договорот се намалени американските царини за британски автомобили, челик и авиони во замена за пристап до пазарот за говедско месо и биоетанол.

Како што се приближува годишнината од договорот, американските царини за британскиот челик сè уште не се целосно укинати, додека судбината на договорот за технолошка соработка склучен за време на државната посета на Трамп на Велика Британија во септември е неизвесна.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата