Во разговор со новинарите, Трамп ѝ се закани на Русија со нови тарифи од 100 проценти ако не постигнат мировен договор во Украина во рок од 50 дена.
„Многу сум незадоволен од Москва“, рече тој.
Потоа Трамп додаде дека постигнал договор за испорака на оружје во Украина.
„Ќе испратам врвно оружје до НАТО, кое потоа ќе може да го испрати во Украина. Денес постигнавме договор дека ќе им испратиме оружје, а тие ќе платат за него“, рече тој.
Потоа додаде дека војната во Украина мора да заврши.
„Ова е воена опрема вредна милијарди долари што ќе ја купат САД, ќе оди во НАТО и ќе биде распоредена на бојното поле многу брзо“, објасни американскиот претседател.
Американскиот претседател претходно денес посочи дека ќе даде „голема изјава“ за војната меѓу Русија и Украина.