„Под претпоставка дека Иран ќе се согласи да го даде она што беше договорено, што може да биде прилично оптимистичка претпоставка, веќе легендарната операција „Епски бес“ ќе заврши, а исклучително ефикасната блокада ќе овозможи Ормутскиот теснец да биде ОТВОРЕН ЗА СИТЕ, вклучително и за Иран. Доколку не се согласат, бомбардирањето ќе започне и, за жал, ќе биде на многу повисоко ниво и интензитет од претходно“, напиша Трамп.
Axios: САД и Иран блиску до договор
Axios денес објави дека Белата куќа верува дека е блиску до постигнување договор со Иран за меморандум за разбирање од една страница што би ја завршил војната и би поставил рамка за подетални преговори за нуклеарната програма на Иран.
Американската страна очекува одговор од Иран за неколку клучни точки во следните 48 часа. Сè уште ништо не е договорено, но извори тврдат дека преговорите сега се најблиску до договор од почетокот на војната.
Според нацрт-договорот, Иран би се согласил на мораториум за збогатување на ураниум, САД би ги укинале санкциите и би ослободиле милијарди долари замрзнати ирански средства, а двете страни би ги укинале ограничувањата за премин низ Ормутскиот теснец.
